Поради српските корени кои ги има во Србија се надеваа дека би можел да игра за нив, но Бајчетиќ е дециден, ќе игра за Шпанија.
„Роден сум во Шпанија, растев во Шпанија, семејството ми е во Шпанија и се чувствувам како Шпанец. Горд сум што ја претставувам Шпанија“, изјави Бајчетиќ за „Марка“.
20-годишниот Бајчетиќ е роден во Виго и шанса да одигра неколку натпревари во првиот тим му даде Јирген Клоп минатата сезона. Сепак, Арне Слот одлучи да го испрати на позајмица и да собира искуство.