среда, 11 декември 2024

Водата во Тетово со чуден мирис и вкус – решението е филтри со активен јаглен

Деновиве повторно во Тетово, водата за пиење има невообичаен мирис и вкус, што од 2017 година се појавува речиси секоја есен во октомври или ноември, но надлежните уверуваат дека водата е безбедна за пиење.

Објавено на

часот

Сподели

Според д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово, непријатниот мирис и вкус доаѓа поради паѓање на вегетацијата, најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во речните води во месноста Лешница, од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем.

„ Нема опасност бидејќи мирис и вкус се субјективна категорија, водата е безбедна, кој може- нека ја пие, кој не може – да не ја пие. Искуството од 2017 година досега покажало дека за неколку дена субјективнот мирис и вкус ќе ги снема“, изјави д-р Ратко Давидовски.

Годинава интензитетот е зголемен затоа што тетовскиот водовод повеќе користи вода од површинските односно речни извори.

„ Поинтензивно е затоа што со 50 отсто учествува Лешничкиот систем во целокупното водоснабдување во градот. Треба да учествува со 30 проценти, другите количини да бидат од шарпланинските извори, но таму штедроста е значително намалена поради големата суша летово. Решение за да нема таков невообичаен вкус и мирис, е да се кондиционира водата со озонирање или пак со активен јаглен. Озонирањето е потешко и поскапо, филтри со активен јаглен може да се направат за да не се случува“, вели Давидовски.

Во системот има доток од 300 литри вода во секунда, односно по 150 литри од двата видови на извори.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ