недела, 20 октомври 2024

Арсовска: Одговорни за состојбите во ЈСП се градскиот Совет и неговиот претседател

Советот на Град Скопје и неговиот претседател Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ се одговорни за состојбите во ЈСП и за најавата за штрајк поради доцнењето на декемвриската плата, изјави денеска градоначалничката Данела Арсовска. Таа денеска одби да одговара на прашања како претседателка на Нова алтернатива. На прашањетпо дали партијата, на чие чело таа застана вчера, ќе остане во коалиција со СДСМ рече: „Политиката надвор од Град Скопје. На тие теми може на друго место“.

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалничката Арсовска изјави дека очекува одговорност од Советот на Град Скопје, во врска со најавата за прекин на работа на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, поради неисплатената декемвриска плата. Таа нагласи дека сите одлуки кои што се однесувале на редовното функционирање на ЈСП, а се поврзани со градскиот буџет, биле доставени до Советот и до претстедателот на Советот.

„Дури свикав и една итна седница, но тој со своето дискрециско право одлучи точките кои всушност беа најважни за претпријатијата на Град Скопје, да ги отстрани од дневниот ред. Побаравме нова вонредна седница, истата до овој момент не е свикана. Јас се надевам дека прво одговорност ќе понесат со функцијата што ја имаат, а доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна. Ние, од наша страна, направивме сѐ штое можевме“, рече Арсовска.

Инаку, репрезентативните синдикати во ЈSP Скопје денеска ги повикаа советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавија во понеделник нема да работат.

Законски рок за исплата на декемвриската плата, како што информираа оттаму, е 15 јануари, а следната редовна седница на Советот на Град Скопје е закажана за 31 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ