сабота, 27 јули 2024

Репрезентативниот синдикат на ЈСП најавува штрајк поради неисплатена плата за декември

Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)  Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат.

Објавено на

часот

Сподели

„Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП. Бидејќи истите тие советници го изгласаа буџетот на градот Скопје за 2024 година. Тоа значи, доколку не донесат одлука до недела, 21 јануари 2024 година, во понеделник, вработените во базите и другите сектори, нема да работат, бидејќи не е исплатена во законски рок изработената декемвриска плата“, велат од синдикатите.

Законски рок за исплата на декемврискаа плата, како што информираа оттаму, е 15 јануари, а следната редовна седница на Советот на Град Скопје е закажана за 31 јануари

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ