По четири натпревари без победа во Премиерлигата, Арсенал конечно се израдува на триумф, за тоа да се случи требаше да играат со Челси кој овој период губи со кој и да игра.
Мечот беше решен по половина час игра, Одегард погоди со 18. и 31. минута за водство од 2-0, а во 34. минута Габриел Жесус реализираше за 3-0.
Во 65. минута Мадуеке успеа да даде гол за Челси и да ги постави конечните 3-1.
Арсенал има 78 бодови и е на првото место на табелата, Манчестер Сити има 76 бода, но и два натпревари помалку од топчиите.