вторник, 26 ноември 2024

Армијата се модернизира со лесните оклопни возила „страјкер“

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „страјкер“ (Stryker) во рамките на Армијата.

Објавено на

часот

Сподели

На брифингот , како што соопшти Министерството за одбрана, присуствувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

„ Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година“, информираат од Министерството за одбрана.

На овој брифинг му претходела еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и Четвртата бригада за асистенција во безбедноста од САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ