„Да, точно е тоа. Тоа е и дел од програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да се спојат и да се фузионираат во една агенција и тоа можам да кажам дека ќе биде процес којшто ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно со гласање во парламентот“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји – членки на НАТО, а од соседството тоа го направиле Словенија и Хрватска.