сабота, 30 ноември 2024
Адвокатот Тортевски открива

Ангеловски преку суд си ја барал премијата за ЕВРО 2022, од ФФМ не сакале да му ја дадат

Објавено на

часот

Сподели

Челниците на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) уште пред настапот на ЕП сакаа да го избркаат селекторот Ангеловски, но под притисок од јавноста одлучија да остане. Кога заврши историскиот настап на нашата репрезентација на големото натпреварување, очекувано Мрме не доби продолжување на договорот.

Адвокатот Тортевски сега открива дека поради затегнатите односи со Ангеловски, ФФМ не сакала да му ја исплати договорената премија на поранешниот селектор, па морале да одат по судови за да си ги добие заслужените пари.

„По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП, претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот, а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата, па моравме да одиме по судови“, објави Тортевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ