Пелистер загуби само со два разлика од ПСЖ во Париз на стартот од ракометната Лига на шампиони, беше 31-29.
Тренерот Бранко Ангеловски вели дека е горд на неговите играчи за она што го прикажаа против големиот фаворит.
„Пред натпреварот си ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, рече тренерот на битолскиот тим.
Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е дуелот против Фуксе Берлин на 18 септември во Битола.