Новиот клуб на Ангеловски беше на последното место на табелата кога тој го презема, а сега со овој освоен бод напредуваа за две позиции.
Каспи Актау направи големо изненадување откако одигра 1-1 на гостувањето кај Кизилжар кој е лидер на табелата во Казахстан.
Домаќините поведоа уште во третата минута и се чинеше дека лесно ќе дојдат до бодовите, на Каспи во 19. минута со гол од пенал дојде до 1-1, што беше и конечен резултат.
Тимот на Ангеловски беше сосема рамноправен противник на овој меч, дури имаше и повеќе посед од домаќинот, со ист број на шутеви.
Ова беше втор меч за Мрме на клупата на Каспи, но прв во првенството. Претходно загуби во Купот на Казахстан со 1-0 од Туран.