петок, 29 ноември 2024

Американскиот и рускиот министер за одбрана разговарале телефонски, повикот бил инициран од Русите

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера телефонски разговараше со својот руски колега Андреј Белоусов, двете страни потврдија без да откриваат детали од првиот разговор на двајцата министри.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека телефонскиот разговор бил „инициран од руска страна“. „Тие се осврнаа на прашањата за спречување на безбедносни закани и намалување на ризикот од потенцијална ескалација“, додаваат од Министерството.

Во Вашингтон, заменик-порпаролот на Пентагон, Сабрина Синг, рече дека министерот „ја истакна важноста од одржување на линиите на комуникација во услови на тековната војна на Русија против Украина“.

Претходно оваа недела, Германија и САД објавија договор за стационирање на американски ракети со долг дострел во Германија, почнувајќи од 2026 година, што е прв пат вакво оружје да биде стационирано во земјата по крајот на Студената војна.

Американското оружје ќе вклучува крстосувачки ракети Томахавк со дострел до 2.500 километри кои можат да погодат длабоко во Русија, како и ракети за воздушна одбрана СМ-6 и ново развиено хиперсонично оружје.

Руските власти жестоко реагираа на оваа објава, обвинувајќи ги Германија и Соединетите Американски Држави за подигање на тензиите и поттикнување на трката во вооружување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ