вторник, 26 ноември 2024

Американски војник осуден на 14 години затвор за обид за помагање на Исламската држава

Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор затоа што се обидел да ѝ помогне на Исламската држава во извршувањето на смртоносна заседа против американски војници, соопшти вчера Министерството за правда.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој пред судот побарал казната да му биде зголемена на максимална затворска казна од 40 години.

За време на речиси петчасовното судење во Федералниот суд на Менхетен, судијата Луис Џеј Лиман го одби ненадејното барање на Бридиџис за максимална казна од 40 години, пренесува Асошиејтед прес.

Кол Бриџис, познат и како Кол Гонзалес (24), бил воздухопловец од прва класа за време на неговото апсење и бил обвинет во 2021 година за давање „воени совети и насоки за тоа како да се убијат колеги војници за кои мислел дека се дел од ИСИС“.

Тој се изјасни за виновен по обвиненијата за тероризам во јуни 2023 година. Бриџис ѝ се придружил на војската во 2019 година, пред тоа почнал да истражува и да консумира онлајн пропаганда „промовирање на џихадистите и нивната насилна идеологија и изразување на нивната поддршка за ИСИС и џихадот на социјалните мрежи“, се вели во извештајот на одделот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ