понеделник, 25 ноември 2024
Александар Вулин на црната листа на САД

Амбасадата на САД во Србија: Санкциите против Вулин не се насочени кон ниту една институција

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Србија соопшти дека американското Министерство за финансии изрече санкции на директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) и нагласи дека оваа акција не е насочена кон ниту една од институциите на Србија.

„САД се цврсти во своите напори да ги разоткријат оние кои се вклучени во коруптивните и дестабилизирачки активности кои го поткопуваат владеењето на правото на Западен Балкан и го продлабочуваат малигното влијание на Русија во регионот“, се вели во соопштението на амбасадата објавено на Твитер.

САД, како што се додава, продолжуваат да ги поддржуваат граѓаните на Србија на патот кон реформите во правосудниот систем, борбата против корупцијата и создавањето подобра иднина.

Американското Министерство за финансии, кое воведе санкции против Вулин, поранешниот министер за армија и полиција, го обвинува за вмешаност во „организиран криминал, трговија со дрога“, како и дека злоупотребувајќи ја својата јавна функција му помогнал на трговецот со оружје Слободан Тешиќ неговите „нелегални пратки со оружје слободно да се движат низ границите на Србија“ и со тоа и обезбедил на Русија „платформа за натамошно, малигно влијание во регионот“, пренесува регионалната телевизија Н1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ