Алкалоид е голем фаворит во пресметката со Драгунас, а скопскиот тим таквиот статус го оправда на мечот во Автокоманда каде го победи литванскиот противник со 11 разлика.
Натпреварот почна изедначено, двете екипи се менуваа во водство, Драгунас на почетокот покажа мускули, но тоа траеше 20 минути, тогаш Алкалоид првпат поведе со три гола разлика, беше 12-9 и потоа почна да го зголемува водството. На полувремето македонскиот тим замина со предност од 18-12.
Во вториот дел сликата беше слична, Литванците се обидуваа да се носат со Алкалоид, но квалитетот беше на страната на тимот на Кире Лазаров кој постојано ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со 42-31.
Најефикасен во составот на Металург беше Никола Костески со десет голови, Бинго постигна девет, Серафимов шест, Галевски мечот го заврши со девет одбрани, даде и еден гол. Во составот на Драгунас најдобар беше Буткус со шест голови.
Реваншот во Литванија е за седум дена, претходно Алкалоид го чека големо дерби во македонската лига против Пелистер во Автокоманда, тој меч се игра во вторник.