По победата во Суперкупот против Пелистер, Алкалоид за кратко време го совлада и вториот најголем ривал, овојпат во првото коло од Суперлигата.
Момците на Кире Лазаров имаа предност речиси во текот на целиот меч. Вардар поведе во финишот од првиот дел со 16-15, но Алкалоид брзо го врати водството и на одморот замина со предност од 18-17.
На почетокот од вториот дел рамноправната борба продолжи, се играше гол за гол, но потоа дојде до пад кај Вардар, Алкалоид направи серија од 4-0 и поведе со 25-21.
Сигурната предност Алкалоид ја држеше до крајот од мечот, не му дозволи на Вардар да се врати, црвено-црните успеаа да намалат на минус два, но ништо повеќе од тоа. Конечниот резултат беше 33-30.
Марко Митев и Мартин Серафимов постигнаа по осум голови, шест даде Костески, во составот на Вардар Лазаревски даде шест, Хориха пет гола.