Утре во салата Автокомнада, Алкалоид игра меч од второто коло во Европскиот куп, натпреварување во кое системот е со елиминации, дома-гости.
„Се ноѓаме пред нов предизвик во Европскиот куп, имаме еден противник кој можеби е неатрактивен но е доста опасен. Се работи за незгодна школа и оваа година земаа и шпански тренер, пополека но сигурно се гледа нивниот напредок. Ако ја споредиме екиптата на Клаипеда оваа година со минатата, сега се подобри за 30-35 посто, затоа сум опрезен во најавите. Треба да бидеме претпазливи во овој систем дома гости. Постигнуваат многу голови, во повеќето од натпреварите даваат по 40 голови, играат во јак ритам 60 минути без разлика на противникот. Ние стоиме цврсто на земја и во ниту еден момент нема да го потцениме протвникот. Очекувам еден убав натпревар за око и ги повикувам навивачите да дојдат во салата и да го поддржат тимот“, вели тренерот Кире Лазаров.
„Имаме поголема самодоверба од лани, тоа се покажува на натпреварите. Но треба да бидеме претпазливи, уште не сме доволно искуство. Треба да бидеме дисциплинирани и претпазливи поради системот дома-гости. Утре би бил задоволен со било каква победа, не треба да се оптеретуваме со некаква разлика“.
Капитенот Игор Ѓорѓиев вели дека тимот е подготвен за стартот на европската сезона.
„По одличниот старт на сезоната ни следува меч во Европскиот куп каде имаме за протовник екипа од Литванија. Ние како тим имаме искуство во Европската лига. Сега системот е поразличен во Европскиот куп, играме дома и гости. Првиот меч е пред нашата публика и секогаш сакаме да се покажеме во одлично издание. Како капитен тврдам дека екипата е спремна и се надевам дека ќе уживаме во еден добар натпревар во нашата Автокоманда. Ростерот е ист како лани со дополнување на 2-3 играчи и се надевам на добро издание во Европскиот куп. Ја повикувам публиката да дојде во нашата сала и да не поддржи“, вели Ѓорѓиев.