сабота, 19 октомври 2024

Алабаковски сведочеше против Ѓоргиевски, претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“

Во Основниот суд во Битола денеска се одржа рочиште против Љупчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и за ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Објавено на

часот

Сподели

На денешното рочиште како сведок на обвинителството се појави  поп-пејачот Ламбе Алабаковски.

Според него, во срцето на Македонија, во Битола, не смее да има клуб со име на докажан фашист каков што бил Ванчо Михајлов.

„Бев вклучен во опожарувањето на вратата на клубот, можеби и главен виновник, зашто сметам дека во срцето на Македонија, во Битола, де факто и де јуре, не смее да има таков клуб со име на докажан фашист како што е Ванчо Михајлов. И ден денес, според мое мислење од бугарски граѓани, или луѓе кои се чувствуваат како Бугари, или од измислени ботови на Инстаграм или Фејсбук во директна порака добивам смртна закана кон мене и моето семејство“, сведочеше Алабаковски.

м

Фото: Апла,мк

Бранителот на Ѓеоргиевски, адвокатот Насер Рауфи го праша Алабаковски дали е точно дека по пресудата за опожарувањето на клубот на 4 јуни 2022 година ја пеел песната ‘Оган да го гори’  како реваншизам, поп-пејачот одговори дека тоа е апсолутно неточно.  сте ја пееле оваа песна“, го праша адвокатот Рауфи, сведокот Алабаковски.

А Љупчо Ѓоргиевски се изјасни дека не се чувствува виновен. 

„Обвинението е парадоксално особено што станува збор за продолжено кривично дело за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. Зошто? Затоа што на фејсбук објавил интервју на Ванчо Михајлов од 70-те години дадено за хрватски медиум“, вели во изјава за МКД.мк бранителот на Ѓеоргиевски, адвокатот, Насер Рауфи.

Рауфи вели дека тие предложиле повеќе сведоци меѓу кои и историчари но тие ќе сведочат на следните рочишта затоа што денеска освен поп-пејачот Ламбе Алабаковски не се појавиле другите сведоци предложени од обвинителството. За Алабаковски пак рече дека е недоличен сведок.

„Алабаковски е недоличен сведок и ние веќе приговаравме за него бидејќи тој не е компетентен да оценува дали Ванчо Михајлов бил фашист, а исто така тој е и субјективен затоа што токму тој го запали клубот во Битола“, вели Рауфи.

Тој уште вели дека во врска со вакво прашање веќе се произнел и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во случајот „Радко“ (прекарот на Ванчо Михајлов).

„Судот утврдил дека демократија е и кога малцинството мисли различно од мнозинството кое според судот треба да биде потолерантно кон ставовите на малцинството“, вели Рауфи.

 

На следното рочиште треба да бидат сослушани Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, како сведоци на одбраната. Шаторов е поранешен секретар на бугарскиот клуб, кој заедно со обвинетиот Љупчо Ѓоргиевски добија бугарско државјанство.

На следното рочиште како сведок предложен од ОЈО треба да биде сослушен и Горан Садикарио од Еврејската заедница на Македонија.

Претходно пред судот се појавија и сведочеа, Стефан Бошков од Сојузот на борци од Битола и хроничарот Зоран Ѓоргиев.

Следното рочиште е закажано за 18 декември.

Фото: Независен.мк

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ