На 01.11.2024 година во 14 часот полициски службеници од ПО Жеровјане во с.Милетино, тетовско, поради нерегулиран престој во нашата земја, го привеле Р.Л.(27) од Р. Албанија. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Вчера, во 21.30 часот полициски службеници од МВР, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Тетово и ОВР Гостивар, во с.Бродец-Маврово по судска наредба го привеле С.В.(49) од с. Кочилари, велешко за издржување на казна затвор во траење од 4 години, за сторени кривични дела по член 237, став 4 и член418, став 1 од КЗ на РСМ. Лицето е предадено во КПУ Идризово за издржување на затворската казна.
Доцна синоќа, во 23.15 часот во ОВР Гостивар М.Ш.(40) од Гостивар пријавила дека околу 20.30 часот нејзиниот малолетен син, додека се движел во близина на градскиот стадиот бил физички нападнат од М.С.Б од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.