„Целта на вежбата која вчера се спроведе на терен беше проверка на плановите за итни мерки за справување со оваа болест и тестирање на воспоставените процедури во двете земји, со цел утврдување дали има и кои се недостатоците, соодветно да се направат корекции на истите, за да се обезбеди висок степен на заштита од ширење на болеста при евентуална најзина појава, вели директорот на АХВ“, Николче Бабовски.
На состанокот кој се одржа денеска, учесниците направија евалуација на подготвеноста на плановите за итни мрки за справување со оваа болест и ги утврдија добрите, но и слабите страни на одговорот при евентуална појава на болест кој вчера беше симулиран на терен.
Симулациската вежба за болеста лигавка и шап Агенцијата за храна и ветеринарство ја организира во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Европската комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) и Факултетот за ветеринарна медицина Скопје.
За спроведувањето на симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап, заклучи Бабовски, информирана беше и Светската организација за заштита на животните – ОИЕ.