вторник, 19 ноември 2024

Агелер на Османи му вети нови 4 милиони долари за борба против корупцијата

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопшти МНР, стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4.276.000 американски долари наменети за  владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

„Со САД  како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата“, рече Османи.

За време на состанокот соговорниците разговараа и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика, стои во соопштението на МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ