четврток, 28 ноември 2024

Адвокатот Менкиноски не се чувствува виновен за истакнување на знамето од Кутлеш, чека пресуда од охридскиот суд

Во Основниот суд Охрид денеска беа дадени завршните зборови во случајот со скопскиот адвокат Тони Менкиноски кој е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир затоа што на празникот Богојавление минатата година, во центарот на Охрид незаконски го истакнал шеснаесеткракото македонско знаме со сонцето од Кутлеш.

 

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

На денешното рочиште не се појавија четворицата раководители на охридската полиција кои ја покрената и прекршочната пријава за поставувањето на знамето, како дело според кое се истакнува „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.

Од тие причини, судијата Милчо Клишески кој го води предметот реши рочиштето да се заокружи со изнесување на доказниот материјал и со завршна изјава на обвинетиот.

Во завршното обраќање пред судот, обвинетиот Менкиноски рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари затоа што со ниту еден закон или меѓународен акт не е забрането истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш.

Менкиноски уште истакна дека независно каква ќе биде одлуката на судот, тој ќе продолжи да го истакнува македонското знаме со сонцето од Кутлеш и во иднина ќе работи на враќање на тоа знаме како национално и официјално одбележје на државата Македонија.

Со завршниот исказ на обвинетиот заврши процесот по предметот, а судската одлука ќе биде соопштена дополнително.

Инаку, Менкиноски ја презеде одговорноста за поставувањето на 40-метарското знаме со македонското сонце на првиот ред од Самоиловата тврдина во центарот на Охрид, за верскиот празник Водици.

Основниот суд во Охрид на 29 јануари оваа година донесе ослободителна пресуда по предметот што за истото дело беше покрената против Александар Ѓурчев од Охрид, кој го истакна знамето со сонцето од Кутлеш на ѕидот на Самоиловата тврдина во Охрид, на протестот за поддршка на осудените за настаните од 27 април 2017 година во македонското Собрание.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ