сабота, 19 октомври 2024
НБА

Адетокумбо постигна рекордни 64 поени, па се тепаше за да си ја земе топката (ВИДЕО)

Јанис Адетокумбо со неверојатни 64 поени го предводеше Милвоки во победа над Индијана со 140-126, а по мечот се случи инцидент во кој главен беше грчкиот репрезентативец.
 

Објавено на

часот

Сподели

Адетокумбо имаше фантастична ноќ, постигна најмногу поени во својата кариера, но и најмногу во историјата на Милвоки. Досегашното негово лично достигнување беше 55 поени, а најфефикасен на меч за Милвоки бил Мајкл Ред кој во ноември 2006 постигна 57 поени. Синоќешните 64 поени на Јанис се рекордни.

Интересно, до овој учинок дојде без да погоди тројка. Реализираше 20/28 од игра и 24 поени од 32 од линијата за слободни фрлања.

По натпреварот се случи инцидент. Адетокумбо сакаше да си ја земе топката со која го постави рекордот, но забележа дека му дадоа лажна топка, која не била користена на мечот. До него стигна информација дека вистинската топка е кај играчите на Индијана, па се стрча во соблекувалната на гостите каде настана голема гужва. 

Објаснувањето на луѓето од Индијана беше дека тие ја сакале топката за нивниот играч Оскар Шијебве кој на овој меч ги постигна првите поени во НБА.

Резултати:

Детроит – Филаделфија 111-129

Вашингтон – Њу Орлеанс 122-142

Мајами – Шарлот 142-115

Торонто – Атланта 135-128

Хјустон – Мемфис 117-104

Милвоки – Индијана 140-126

Сан Антонио – ЛА Лејкерс 119-122

Феникс – Бруклин 112-116

Јута – Њујорк 117-113
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ