Голот на Адеми беше единствениот на мечот, тоа беше и негов деби погодок за кинескиот клуб. Тој вели дека уште се прилагодува на новата средина и верува дека како ќе одминува времето ќе биде подобар и подобар.
„Како се чувствувам по првиот гол? Искрено најсреќен сум што освоивме три бода и тоа е секогаш најважно. Јас верувам дека играме добро и оваа победа нека биде наш победнички старт на една подолга серија. Се соочувме со еден притисок, релативно голем и сега овој триумф може да го спласне тој притисок, а најважното е што на навивачите им донесовме радост и уживање. Јас дојдов во нова лига и нова средина, можеби и малку подоцна, па се обидувам да се прилагодам и сѐ уште се прилагодувам, така да верувам дека моите настапи во иднина ќе бидат уште подобри“, рече Адеми.