недела, 29 септември 2024

61 отсто од предлог-законите во 2023 биле изгласани по брза постапка

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) го објавија извештајот  „Огледало на Владата“ за 2023 година во кој се следи и анализира Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето покажува дека во 2023 година 51,4 отсто од предлог-законите усвоени од Владата и доставени до Собранието биле објавени на ЕНЕР. Со Извештајот се констатира подобрување на состојбата во споредба со претходните години (37 отсто во 2022, 41 отсто во 2021 и 49,6 отсто во 2019 година.

Во 2023 година биле поднесени вкупно 72 предлог-закони од Владата до Собранието за кои што имало обврска да бидат ставени на ЕНЕР. За 37 од нив (51,4 отсто) претходно бил објавен текстот на нацрт-законот на ЕНЕР. Што се однесува до минималниот периодот за коментирање од 20 дена, тој не е испочитуван само во еден случај.

Половина од предлог-законите доставени до Собрание биле со ЕУ знаменце. Вкупно 36 предлог-закони или точно половина од 72-та предлог-закони доставени до Собранието од страна на Владата во 2023 година биле доставени со ЕУ знаменце, а 22 од тие 36 предлог-закони биле доставени по скратена постапка (61 отсто). Од овие 36 предлог-закони со ЕУ знаменце 24 (66,7 отсто) биле претходно ставени на ЕНЕР за консултации со јавноста.

„Во 2023 година имаше неколку примери на носење предлог-закони со европско знаменце кога главната цел не беше усогласување со правото на ЕУ. Таков беше случајот со измените на Кривичниот законик како и петте предлог-закони на Владата поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10-д. Во сите овие предлог-закони не е јасна употребата на процедурата на знаменце на ЕУ и не е целосно јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со правото на Европската Унија“, велат од МЦМС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ