понеделник, 28 октомври 2024

55 мажи, шест жени и две деца мигранти најдени во сканиа

Вчера околу 20.40 часот на локалниот пат с.Стојаково-Богданци, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје. При преглед во товарно возило сканиа со светиниколски регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал, биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица.

Објавено на

часот

Сподели

По насоки од јавен обвинител, А.Д. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ