четврток, 24 октомври 2024

30 илјади луѓе на улиците на Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избија сериозни немири

Повеќе од 30 илјади луѓе, според полицијата, протестираа денес во Грција во знак на сеќавање на смртоносната железничка несреќа која се случи пред една година, „националната траума“, според премиерот Киријакос Мицотакис, кој призна „колективен неуспех“ соочен со сериозна негрижа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во Атина протестираа повеќе од 20.000 луѓе. Некои од нив фрлаа Молотови коктели пред парламентот, а полицијата одговори со солзавец пред да се растури толпата, пренесува Франс прес. Пред парламентот со црвена боја беа испишани имињата на 57 луѓе кои загинаа на 28 февруари 2023 во најсмртоносната несреќа во историјата на Грција.

Слични инциденти избија и во Солун каде, според полицијата, се собраа околу 10.000 луѓе. Грција е делумно во штрајк на повик на главниот синдикат на јавниот сектор АДЕДИ, кој претставува околу половина милион работници. Речиси целиот јавен сообраќај, од возови до траекти, стои 24 часа.

На местото на железничката несреќа повеќе од илјада луѓе, главно членови на семејствата на жртвите, преживеаните и спасувачите, се собраа во тешка и тажна атмосфера, пишува Франс прес. Венци и фотографии од жртвите во близина на железничката пруга оставија родителите на жртвите.

На 28 февруари 2023 пред полноќ патнички воз кој сообраќал меѓу Атина и Солун се судри со товарен во воз на околу 300 километри северно од грчката престолнина. Дваесетина минути пред несреќата двата воза, од кои едниот со повеќе од 350 патници, патувале по истиот колосек без активирање на алармот.

Неколку часа по несреќата беше уапсен шефот на железничката станица. Од тогаш десетици се обвинети во врска со случајот, и се води постапка. Владата соопшти дека судењето веројатно ќе почне во јуни.

Многумина преживеани и родители на жртви бараат политичарите, кои според грчкиот закон се заштитени од кривичен прогон и само парламентот може да ги истражи, да преземат одговорност за недостатоците на безбедносниот систем.

„Како премиер, како граѓанин и татко, ја делам тагата на земјата“, кажа Мицотакис во телевизиско обраќање, ветувајќи дека ќе ги поправи хроничните недостатоци на државата. „Нашата мисија е болката да ја претвориме во дело“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ