вторник, 22 октомври 2024

Зошто Самсунг беспок уредите се совршени за секој модерен дом?

Објавено на

часот

Сподели

Ентериерот на вашиот дом не го сочинуваат само стилскиот намештај, модерната кујна, уметничките слики и предмети, и совршеното комбинирање на боите кои одговараат со минималистичкиот, модерниот или пак ретро стилот кој сте го одбрале за вашиот внатрешен дизајн. Еднакво толку важни се и „деталите“. Детали, како дизајнот на вашите уреди од бела техника, фрижидерот или рерната во кујната, машината за перење алишта или пак вашата модерна безжична правосмукалка.

Имајте целосна доверба во беспок хом (Bespoke Home) концептот на Самсунг (Samsung).

BESPOKE концепот е посветен на страст и креативност. Со приспособливи бои и површини, тој отвора нов свет на можности за вашиот дом. За да се чувствувате што е можно поудобно во вашиот дом, а при тоа секојдневието да биде олеснето, Самсунг поаѓа од едноставни и функционални решенија. Современите трендови не ја ограничуваат фантазијата од аспект на користење материјали. Сите бои и материјали се во игра: дрво, мермер, керамика, па дури и земјени тонови на мебел. Секоја просторија треба да е совршено стилизирана, а една од најважните во нашиот дом секако е кујната. Обидете се да ја замислите вашата кујна без фрижидер? Невозможно, нели? 

ц

Едноставно кажано, овој уред е суштински со децении, а дизајнот на фрижидерите Самсуинг беспок  е на секој начин привлечен и посебен. Начинот на кој совршено се вклопува во секоја кујна, речиси незабележливо, небаре таму припаѓа изворно, заслужено ја носи титулата безвременски дизајн! Но беспрекорниот дизајн не е единственото нешто кое го прави беспок фрижидерот посебен. Неговата технолошка иновација ќе ви го направи животот полесен. Сите знаеме дека не сите намирници се исти и изискуваат различни оптимални температури. Некои треба да се изладат малку подобро од останатите и затоа ви се овозможени две температурни зони, а фиоката Humidity Fresh + е тука да ја одржи совршената влажност. Функцијата All Around Cooling ви овозможува рамномерно ладење или едноставно сеопфатен систем на ладење, а за одржување на константна температура и подолга свежина на храната, се грижат стратешки поставени отвори за вентилација. Толку едноставно, а толку корисно.

Истиот беспрекорен дизајн и новите технологии при готвењето ги добивате со Bespoke рерната со која имате можности да готвите и парете истовремено со помош на Dual Cook Steam функцијата, да готвите во две посебни зони од рерната со Dual Cook Flex како да имате две посебни рерни кога тоа ви е потребно, да пржите на воздух со Air Fry и со тоа да конзумирате поздрава храна. Воедно, не треба да се грижите ниту за количината на храната која можете да ја зготвите, бидејќи оваа рерна има капацитет од 76 литри.

Кујната но, и секоја просторија беспрекорно чиста!

ц

Нередот во кујната лесно ќе биде решен благодарение на новата Bespoke Jet™ AI стик правосмукалката со најмоќниот вакуумски мотор на Samsung со моќност на вшмукување до 280 W и максимална моќност на моторот од 720 W. Оваа фантастична стик правосмукалка поседува и вештачка интелигенција која овозможува анализање и одредување на типот на подот со цел да се оптимизира процесот на вшмукување и да се обезбеди максимална ефикасност на батеријата која има 80% поголем капацитет од претходниот модел, SmartThings и Smart Wi-Fi поврзување, со што лесно ќе ги приспособите поставките и функциите на својот уред, како и опција за паметна самодијагностика за одржување на врвните перформанси.

ц

Насочена кон создавање на хигиенски чисто опкружување, новата Samsung Bespoke Jet™ AI доаѓа со надградена All-in-One Clean Station™ што користи технологија Air Pulse за автоматско празнење на резервоарот за прав. Овој држач користи и технологија Air Spin Edge која го врти Spinning Cyclone со брзина на сечилото до 1000 вртежи во минута за да ги исфрли сите остатоци, вклучувајќи ги и сите преостанати честички што може да се заглават во резервоарот. Дополнително, има автоматско затворање на капакот по секое одложување со повеќеслоен систем на филтрација за собирање и на најситните честички од прашина, како и подобрено отстранување на влакна за 99% со што похигиенско празнење на резервоарот е овозможено.

Во тек е промотивен период за претнарачки на Samsung Bespoke Jet™ AI стик правосмукслка во кој доколку го нарачате овој уред од 16 август до 9 септември се стекувате со право на подарок на Galaxy Buds2 Pro во износ од 12.999,00 МКД

А кога зборуваме за беспрекорна чистота, тука e и Bespoke AI Laundry линијата на машини за перење и сушење на алишта со вештачка интелигенција, со кои вашата облека ќе сјае. Со иновативната технологија Ecobuble, можете да имате машина која ќе користи ладна вода и без замерка темелно ќе ги пере вашите алишта, додека вештачката интелигенција ќе пресметува колку прашок е доволен имајќи предвид колку вашите парчиња се валкани. Со сите овие паметни функции, добивате апарат кој ќе заштедува вода, детергент и енергија, кој на вашите ткаенини ќе им овозможува подобра нега до 45,5%, и сето тоа овозможено за перење со поголем капацитет до 11 кг. Едноставниот и рамен дизајн совршено ќе се вклопи со вашиот модерен ентериер,  а вие ќе можете да уживате во врвната ефикасност со помалку бучава и долготрајните резултати од вашата Bespoke машина за перење алишта.

Концептот на линијата производи беспок не се фокусира само на технологијата и функционалноста, туку ги вклучува и различните потреби, вкусови и начини на живот на сите корисници. Затоа севкупното искуство со беспок апаратите за домаќинството го подига на следното ниво кое интензивно работи секој ден да ви го олеснува животот во домот и надвор од него. Оваа визија се протега низ целиот дом бидејќи поврзувањето е во центарот на секоја иновација на Самсунг, придружена со впечатлив дизајн кој ги освојува срцата.

                                                                                                                       Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ