понеделник, 22 јули 2024

Зоран Трифуновски именуван за нов директор на Железници

Објавено на

часот

Сподели

Трифуновски доаѓа на местото на Хари Локвенец, кој денеска поднесе оставка. Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини. Локвенец беше на функцијата директор на ЈП ЖРСМ – Инфраструктура од ноември 2020 година.

„Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ