недела, 17 ноември 2024

ЗНМ го осуди вчерашниот вербален напад на Општина Струга упатен до медиумите

Во текот на вчерашниот ден општина Струга на својата официјална фејсбук страница, објави соопштение каде што на недоличен начин преку сериозни обвинувања се обиде да ги дискредитира медиумите во Охрид, реагираа денеска од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Како што објави вчера МКД.мк, градоначалникот на Општина Струга ја обвини Општина Охрид дека постојано го напаѓа градот Струга без никакви аргументи, а поврзано со обврските што и двата града ги имаат кон УНЕСКО. Во обвинувањето беа споменати и новинарите, кои според Општина Струга, биле потплатени да ја оцрнуваат Струга.

Објавено на

часот

Сподели

За жал, мора да истакнеме дека најголемиот дел од проблемите и потешкотиите кои настанаа и сѐ уште постојат во Охридскиот регион произлегува од Општината Охрид и нејзините раководители, кои постојано, под патерицата на од нив платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓаат нашата општина за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи, потсетува ЗНМ на дел од соопштението на Општина Струга во која се напаѓаат новинарите.

Затоа, велат од ЗНМ, постапките на општината, како јавна институција, се чини дека е обид за дискриминација на медиумите и замолчување на локалните новинари преку цензура. Дополнителен проблем, се посочува во реакцијата, е фактот што во соопштението се инсинуира дека медиумите се платени од страна на охридската општина.

Од ЗНМ потсетуваат дека службениците за својата работа одговараат пред граѓаните, така што секој обид за замолчување на новинарите внесува недоверба кон институцијата и влијае на нејзината транспарентност, бидејќи медиумите и новинарите се каналот за комуникација со јавноста.

„Ако кој било граѓанин, јавна институција и слично, има некаков проблем со објава од кој било медиум, постојат законски механизми за заштита, како што е барање на исправка или демант. Освен ова на располагање се и медиумските саморегулативни механизми преку Советот на честа при ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ)“, реагираат од ЗНМ и додаваат дека овој инцидент ќе биде нотиран во годишните извештаи за слобода на изразување како негативен пример за погрешна комуникација на јавни институции со новинари и медиуми.

Како што објави вчера МКД.мк, градоначалникот на Општина Струга ја обвини Општина Охрид дека постојано го напаѓа градот Струга без никакви аргументи, а поврзано со обврските што и двата града ги имаат кон УНЕСКО. Во обвинувањето беа споменати и новинарите, кои според Општина Струга, биле потплатени да ја оцрнуваат Струга.

По ова реагираше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кој меѓу другото рече дека ниту едно раководство на Охрид не се дрзнало да не се грижи за статусот на регионот во УНЕСКО.

Фото: Архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ