понеделник, 25 ноември 2024

ЗНАМ одреди кои ќе бидат заменици министри за енергетика и за дигитална трансформација

Мирослав Лабудовиќ и Радослав Настасијевиќ Варџиски се двајцата кандидати од ЗНАМ за заменици министри во министерствата за енергетика и за дигитална трансформација, одлучи денеска Централниот одбор (ЦО) на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти портпаролот на партијата Никола Мемов на прес-конференција, за кандидат за заменик-министер за енергетика е предложен Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротехника, роден 1982 година.

За кандидат за заменик-министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски, магистер по економски науки, роден 1987 година.

Партијата на Максим Димитриевски во новата Влада има две министерски места – Горан Минчев е министер за јавна администрација и Игор Филков – министер за правда.

На прес-конференцијата Мемов рече дека во последниот период има значителен интерес на пристапување на нови членови во ЗНАМ, луѓе кои се разочарани од раководството на СДСМ, речиси во сите градови во Македонија.

„Во оваа прилика ги охрабруваме граѓаните по слободна волја да пристапат во канцелариите на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија“, рече Мемов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ