петок, 18 октомври 2024

Златни глобуси 2012: „Наследниците“ и „Уметникот“ најдобри (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Џорџ Клуни со глобусот за најдобар глумец

Бред Пит и Анџелина Џоли, Сидни Поатје и Морган Фримен, Мерил Стрип и Џејн Фонда, Скорсезе и Спилберг… и Рики Џервејз. Сите беа на едно место, си ги зедоа наградите, си честитаа и си отидоа. Дури и Рики Џервејз, кој најавуваше дека годинава ќе биде поостар кон ѕвездите, „скрати“ на саркастичните кометари за разлика од лани.
Синоќешната церемонија, организирана од Холивудскиот странски печат во Лос Анџелес, се разликуваше само по тоа што никој не се истакна. Наградите беа прилично рамномерно поделени. Филмот „Уметникот“ зеде најмногу статуетки – 3, но највредните ги доби „Наследниците“, кој беше прогласен за најдобар филм, а неговата ѕвезда Џорџ Клуни за најдобар глумец.

Најдобар филм – драма
Наследниците

Најдобра главна глумица – драма
Мерил Стрип – Челичната лејди

Најдобар главен глумец – драма
Џорџ Клуни – Наследниците

Најдобар филм – комедија или мјузикл
Уметникот

Најдобра главна глумица – комедија или мјузикл
Мишел Вилијамс – Мојата недела со Мерилин

Најдобар глумец – комедија или мјузикл
Жан Дужарден – Уметникот

Најдобар анимиран филм
Авантурите на Тинтин

Најдобар странски филм
Развод (Иран)

Најдобра споредна глумица
Октавија Спенсер – Тајниот живот на куќните помошнички

Најдобар спореден глумец
Кристофер Пламер – Почетници

Најдобар режисер
Мартин Скорсезе – Хуго

Најдобро сценарио
Вуди Ален – Полноќ во Париз

Најдобра музика
Лудоик Бурсе – Уметникот

Најдобра песна
Ремек-дело – В.Е.

Најдобра ТВ-серија – драма
Хоумленд

Најдобра глумица во ТВ-серија – драма
Клер Дејнс – Хоумленд

Најдобар глумец во ТВ-серија – драма
Келси Грамер – Шеф

Најдобра ТВ-серија – комедија или мјузикл
Современо семејство

Најдобра глумица во ТВ-серија – комедија или мјузикл
Лора Дерн – Просветлена

Најдобар глумец во ТВ-серија – комедија или мјузикл
Мат Ле Бланк – Епизоди

Најдобра минисерија или ТВ-филм
Даунтаун Аби

Најдобра глумица во минисерија или ТВ-филм
Кејт Винслет – Милдред Пирс

Најдобар глумец во минисерија или ТВ-филм
Идрис Елба – Лутер

Најдобра споредна глумица во минисерија или ТВ-филм
Џесика Ланг – Американска хорор приказна

Најдобар спореден глумец во минисерија или ТВ-филм
Питер Динклиџ – Игра на тронови

Морган Фримен: Оваа награда кај мене дома ќе се вика „Сидни Поатје“

Мерил Стрип – најдобра глумица

 

Жан Дужарден стана најдобар глумец во комедија или мјузикл

Мадона победи во категоријата најдобра песна за филмот В.Е.

Анџелина Џоли во улога на презентер на 69тото доделување на Златните глобуси

Кејт Бејкинсејл позира на црвениот килим

Мартин Скорсезе, добитникот на Златниот глобус за најдобар режисер

Глумицата Мила Кунис пристигнува на доделувањето на 69тите Златни глобуси

Мишел Вилијамс со наградата за најдобра глумица во комедија или мјузикл

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ