сабота, 19 октомври 2024
Детали за тешката сообраќајка кај Табановце

Жива излегла од автомобил по првиот удар, но српски пејач со опел ја удрил и починала

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце, во која едно лице го загуби животот. Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, фолксваген поло со кумановски и фолксваген голф со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока. Според првичните информации, жената жива излегла од автомобилот, но на неа со автомобил налетал, како што пренесуваат српските медиуми, пејачот Ѓорѓе Давид Николиќ, а по тешките повреди жената починала.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

По тој првичниот судир, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил опел инсигниа со српски регистарски таблици. Од тој удар жената добила тешки повреди, од кои починала.

„Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување примероци од крв и урина на другите учесници, кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди. Собрани се траги и материјални докази што ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, велат од Обвинителството.

Ѓорѓе за српскиот медиум Гранд нова.рс потврди дека учествувал во несреќата и ги откри деталите како се случила.

Фото: принтскрин од Инстаграм

„Точно е дека се случи несреќа синоќа на 3 километри од македонската граница. Наводно девојка и нејзиниот сопатник излегувајќи од местото влегле во спротивна насока на автопатот.Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила со него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговиот сопатник е полесно повреден. Девојката што го возела автомобилот и удрила во нивниот автомобил е полесно повредена. Меѓутоа, нејзиниот сопатник не“, раскажа Ѓорѓе за српскиот медиум.

Тој додаде дека по несреќата тие останале на автопатот, едниот на левата лента, другиот на десната.

„Минута и пол подоцна јас налетав со брзина пропишана со обележаното на автопатот и директно удрив во нив. Со мојот автомобил го удрив сопатникот, кој шеташе по автопатот. Беше магла, ги вклучив долгите светла и тоа беше секунда. Јас налетав на таа личност што шеташе по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силен автомобил, инаку не знам што ќе се случеше со мене“, објасни музичарот.

Ѓорѓе истакна дека полицијата брзо дошла да изврши увид, како и дека врз него биле извршени сите прегледи за да се утврди дали бил во алкохолизирана состојба.

Тој додава дека бил во шок, дека анализите на лице место покажале дека не пиел и додава дека ќе остане во Македонија сѐ додека не завршат сите постапки за тешката сообраќајка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ