петок, 18 октомври 2024

Жителите на мавровските села сметаат дека НП Маврово врши неконтролирана сеча на шумата

Објавено на

часот

Сподели

Од здружението Преродба на Горна Река бараат НП „Маврово“ веднаш да престане со нивните незаконски активности и оштетување на природата. Надлежните институции треба да преземат мерки за испитување на законските прекршувања кои ги прави управата на националниот парк, рече Фисник Јакупи, секретар на здружението.

Тие ги повикуваат надлежните институции да постапат според Законот за заштита на животната средина, член 141-А со кој не се предвидува експлоатација и продажба на дрвна маса за комерцијални цели, туку само за санитарни цели.

Жителите на селата Нистрово, Грекај, Рибница, Нивиште и Тануше реагираат и на отворање на шумски патишта без елаборат за заштита на животната средина со што, како што беше речено, им се повредува правото на приватната сопственост и го сметаат за кривично дело по член 225 и член 234 од Кривичниот законик на Македонија.

Од НП „Маврово“ во врска со протестот на граѓаните, за МИА рекоа дека наскоро ќе се обратат до јавноста, но откако барањата ќе им бидат доставени и ќе одговорат на нив.

Од здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“ напоменаа доколку наредниве денови нема реакција од надлежните институции, ќе организираат протести со повеќечасовни блокади на патиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ