сабота, 19 октомври 2024

Жителите на Карпош денеска на јавен собир против зградите кај Алумина

Граѓаните на скопската општина Карпош за денеска во 18 часот закажаа јавен собир во Кинотека на Македонија, кај библиотека Другарче, на кој ќе бидат презентирани сите информации за Деталниот урбанистички план за просторот кај поранешната фабрика Алумина.

Објавено на

часот

Сподели

Жителите сметаат дека она што досега е презентирано е план со многу контроверзи, големи објекти на простор кој ги засега сите граѓани. Визуелизацијата презентирана од планерот дава една слика, деталниот урбанистички план сосема друга, сметаат граѓаните.

Собирот е со цел информација за овој, но и за другите планови кои се во завршна процедура и можност граѓаните да се изјаснат во дискусија за истите.

Организатор на јавниот собир се советниците од Независни за Карпош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ