петок, 18 октомври 2024

Жителите на Драчево и на седум места во околината 24 часа се без вода, од Водовод велат дека се работи за голем дефект

Објавено на

часот

Сподели

„Ве известуваме дека на ден 20.05.2022 поради уличниот дефект ф-600 мм на Борис Трајковски бб (пред мостот во Драчево), распоредот на цистерните за питка и техничка вода е следен : Усје 09-10 часот, Пинтија 10-11 часот, Батинци 11-12 часот, с. Драчево 12-13 часот, н. Драчево 13-14 часот, н. Драчево 09-10 часот, с.Драчево 10-11 часот, с. Д.Лисиче 11-12 часот, с. Студеничани 12-13 часот, с. Морани 13-14 часот. Зависно од населеното место цистерните ќе бидат лоцирани пред училиштата и градинките или на главната улица доколку се работи за засегнатите села“, стои во последното известување од ЈП Водовод и канализација. 

Најава за тоа кога ќе се санира дефектот и кога жителите на овие места ќе добијат вода засега нема, а од претпријатието велат дека екипите работат интензивно, но дефектот е голем и не може да се среди толку брзо. 

Фотографиите кои се направени од терен покажуваат дека се работи за огромна дупка и дефект на голема цевка. 

„Во текот на вчерашниот ден на ул. Борис Трајковски бб, во Општина Кисела Вода, настана дефект на водоводна цевка со профил Ф600, при што екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веднаш пристапија кон санирање на истиот. При санацијата на дефектот, беа откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат на сложеноста на теренот каде се работи и видот на дефектите, санацијата продолжи во текот на целата вечер и денешниот ден. Во моментот екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје го санираат четвртиот дефект и ќе останат на терен, се до целосно отстранување на истиот. За граѓаните кои живеат во тој регион, обезбедени се 2 цистерни со питка вода и уште 2 цистерни со техничка вода“, соопштуваат од ЈП Водовод и канализација. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ