среда, 27 ноември 2024

Жесток украински напад на Белгород, петмина загинати и 37 повредени (ВИДЕО)

Пет лица загинаа во петокот вечерта во ракетирањето на Белгород и Белгородскиот регион од Украина, пренесуваат руските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа вооружените сили на Украина ги гаѓаа Белгород и регионот Белгород со касетна муниција од повеќецевниот ракетен систем Вампир, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.

„Од повредите една жена и четворица мажи починале на лице место пред да пристигне брзата помош. Повредени се 37 цивили, меѓу кои шест деца. Седум возрасни и три деца се во тешка состојба. Сите жртви се префрлени во медицинските установи во Белгород“, напиша тој на каналот Телеграм.

Гладков објасни дека од нападот биле оштетени покриви и прозорци на станбени и општински згради, од шрапнели биле оштетени вкупно 24 автомобили.

Во селото Дубово се запалиле две куќи, автомобил и гаража кои брзо биле изгаснати од противпожарната единица. Информациите за последиците од нападот сѐ уште се утврдуваат, итните служби се на терен.

Министерството за вонредни ситуации на регионот Белгород потврди дека продолжува гасењето на пожарите предизвикани од нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ