сабота, 26 октомври 2024

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце

На граничните премини Богородица и Табановце утрово има зголемена фреквенција на возила. Како што покажуваат камерите на Богородица, создадени се колони возила за излез од Македонија и влез во Грција. Од Табановце за влез во Србија, како што покажува камерата на преминот Прешево, од српска страна, голем број возила кои излегле од Македонија чекаат за влез во Србија, Според Авто мото сојузот на Србија, на Прешево се чека 30 минути, според Авто мото сојузот на Македонија, на Табановце се чека 20 минути.

Објавено на

часот

Сподели

Од Автомот сојузот на Македонија – АМСМ утрово информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Фото: Состојба на ГП Прешево  – за влез во Србија од Македонија

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Особена внимателност се препорачува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ