вторник, 26 ноември 2024

Земјотрес на истокот на Кина, најмалку 21 лице е повредено

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил во 2:33 часот по локално време, на длабочина од 10 километри и 26 километри јужно од градот Дежоу во провинцијата Шандонг.

По земјотресот имало 52 последователни потреси.

Кинеската железничка група стави во прекин некои железнички линии, вклучувајќи ги железницата Пекинг-Шангај и железницата Пекинг-Коулун како одговор на земјотресот, објави кинеската телевизија ЦГТВ.

Во Кина, земјотресите не се невообичаени, но ретко го погодуваат источниот дел на земјата, каде што живее најголемиот дел од населението и каде што се наоѓаат големите кинески градови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ