Во обраќањето до нацијата пред прославата на Денот на независноста, Зеленски рече дека „обединети можеме да победиме“.
Тој ја опиша украинската офанзива врз рускиот регион Курск како „правда“ и „бумеранг за злото“.
Ukraine. Our land. Given by God. Kissed by the sun. Rocked by the winds. Tempered by fire. Defended by its sons and daughters.
It cannot be mistaken for anything else.
It can never be given away to anyone.
Happy Independence Day of Ukraine! pic.twitter.com/LwnRAjnZnc— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 24, 2024
Зеленски, исто така, ја нарече границата со Русија „граница меѓу Украина и угнетувањето, меѓу животот и смртта, меѓу независната европска држава и терористичката организација број еден во светот“.
Украинските сили добија нов замав по упадот во Курск и најавеното пристигнување на американско оружје овој месец.
Зеленски ги потсети Украинците дека поминаа 913 дена откако силите на Владимир Путин ја нападнаа нивната земја. Покрај прославата на независноста на Украина, Зеленски се сретна и со индискиот премиер Нарендра Моди.
„Знаеме што е независност. Колку е тешко да ја оживееш. Колку е тешко да ја одбраниш“, изјави тој.
Но, тој вети дека Русија „нема да успее“. Нема да успеете. Нема да надвладеете. И за се ќе одговарате“, додаде Зеленски.