„Руско воздушно бомбардирање на центар за трансфузија на крв во Украина“. Синоќа е погодена населбата Купјанск во регионот Харков. Има загинати и повредени. Сочувство“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој изјавил дека спасувачите го гаснат пожарот кој избувнал по нападот, пренесува Интерфакс Украина. Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина објавија дека Русија извршила голем ракетен напад врз Украина по трет пат во еден ден, користејќи крстосувачки ракети.
Издадено е предупредување за ракетен напад за голем број региони во Украина, вклучително и регионите Суми, Харков, Хмелницки, Ченигов и Киев, пишува Униан.