„Предупредувањето (за напад) се слушаше речиси секојдневно низ цела Украина оваа недела“, напиша Зеленски на каналот Телеграм, пренесува Ројтерс.
Во текот на изминатата недела, Русија употреби повеќе од 800 водени воздушни бомби, околу 460 нападни беспилотни летала и повеќе од 20 ракети од различни типови, рече Зеленски.
„Украина не е полигон за тестирање оружје. Украина е суверена и независна земја. Но, Русија продолжува со напорите да го убива нашиот народ, да шири страв и паника и да не ослабне“, посочи тој.
Зеленски, исто така, апелираше дека на Украина и е потребна поголема воздушна одбрана.
„Ние работиме на тоа со нашите партнери. Исклучително е важно да ја зајакнеме заштитата на нашето небо“, рече Зеленски.
Украинската војска денеска соопшти дека нејзините единици за противвоздушна одбрана уништиле повеќе од 10 руски беспилотни летала кои во текот на ноќта го гаѓале Киев.
Засега нема извештаи за причинета штета или повредени при нападот, објави воената управа на Киев на Телеграм.