вторник, 3 декември 2024

Овој конгрес ќе биде пресвртница за СДСМ, најави Филипче

СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ и избор на заменик претседател/ка на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на партијата Венко Филипче во своето обраќање пред делегатите истакна дека овој конгрес ќе биде пресвртница за СДСМ. Филипче рече дека СДСМ била фокусирана на евроинтеграциите, но не и на сервисите за граѓаните, дека биле сервилни кон коалициските партнери и дека тоа е дел од причините за нивниот пораз на последните избори. Тој исто така рече дека секој што се огрешил треба да одговара за криминал и корупција, но дека правдата треба да биде иста за сите вклучувајќи ги и функционерите на власта.

„Ароганцијата ќе биде закопана длабоко земја додека сум јас претседател“, рече меѓу другото Филипче и додаде дека СДСМ е особено горда што Радмила Шекеринска е првата дама од Балканот што ќе ја извршува функцијата втор човек на НАТО.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турна државата, според него, повторно во нов режим, се прават чистки во институциите, од вештачки кризи и закани за измислени кризи.  Власта игра на картата на поделби“, вели Филипче.

На конгресот присуствуваат 536 делегати од 626 односно, 85 отсто. Тука се и претставници на други опозициски партии НСДП, ЛДП и други.

Денеска продолжи и 29-тиот Конгрес на партијата, којшто се одржа пред почеток на 30 Конгрес на СДСМ, се констатираше недоверба на органите на Централниот и Надзорниот одбор и се констатираше оставката на досегашната заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ