петок, 6 декември 2024

Хезболах тврди дека гаѓал воени цели во Тел Авив и јужен Израел

Либанскиот Хезболах денеска соопшти дека извршил напад со беспилотни летала и ракети врз воените бази во Тел Авив и на југот на Израел, пренесува Франс прес.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Опишувајќи ја како сложена операција, проиранската организација рече дека истрелала „ракети и лансирала роеви беспилотни летала“ врз воената база во Тел Авив.

Во посебно соопштение се додава дека беспилотните летала со експлозив биле лансирани во поморската база во Ашдод во јужен Израел.

Израелските медиуми објавија дека сирените се огласиле во централниот дел на Израел, бидејќи од Либан биле истрелани ракети со долг дострел, додавајќи дека израелската армија ги проверува деталите.

Подоцна беше објавено дека околу десет ракети биле истрелани од Либан кон централен Израел, неколку биле пресретнати. Нема информации за можни повредени.

Малку порано, на тврдењето на Хезболах дека поморската база во Ашдод на југот на Израел била цел на беспилотни летала во 9 часот наутро, беше објавено дека во тој момент не се слушнале предупредувања за беспилотни летала, ниту во близина на границата со Либан на север, ниту во близина на Ашдод и дека армијата не знае за тоа.

Сирени се слушнаа и во Хаифа и северните градови на Израел. Пред тоа, сирените беа активирани во Тел Авив и околните градови и населени места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ