сабота, 26 октомври 2024
За француските медиуми

Зеленски: Ни сите светски претседатели не може да решат дали Украина ќе се откаже од територии – само народот

Повеќе од две и пол години од почетокот на руската инвазија на Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за Монд, Либерасион, Лекип и АФП, ја опиша ситуацијата на фронтот како „тешка“, а зборуваше и за можниот исход од војната, за време на неговата посета на градот Ровну во северозападниот дел на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали ја разгледува можноста Украина да отстапи дел од својата територија, што Русите го бараа како услов за мировни преговори, тој рече дека прашањето за територијалниот интегритет на Украина не може да го реши еден претседател, или една личност, или сите претседатели во светот, без украинскиот народ.

„Едноставно не може. Тоа е спротивно на Уставот на Украина. И затоа ова прашање нѐ засегнува само нас“, рече Зеленски, пренесува Монд.

Тој ги коментираше неодамнешните изјави за тоа што ако Украина се откаже од територија во замена за нешто, безбедносни гаранции, можеби НАТО или ЕУ, наведувајќи дека никој официјално не ѝ понудил ништо на Украина.

„И Украина никогаш нема да се откаже од своите територии. Оние што се на власт немаат официјално право да се откажат од своите територии. За да се случи тоа, украинскиот народ мора да го сака тоа“, истакна Зеленски.

Тој додаде дека не мисли дека тоа е најдобрата опција, „бидејќи си имаме работа со Путин и, за него, очигледно би било победа кога би вратил некои од нашите територии“.

„Но, дури и подоцна, ако конфликтот биде замрзнат, тој може да се врати и да го направи тоа. Затоа ова прашање е многу, многу тешко“, смета Зеленски.

На прашањето дали условите за отворање на преговорите со Русија се сменети или сѐ уште се исти, што се однесува на Украина, односно, пред сè, повлекување на сите руски војници од украинските територии до границите од 1991 година, вклучувајќи ги и окупираните Донбас и Крим, тој рече дека верува, како и многу земји, дека на вториот мировен самит во ноември руските претставници мора да бидат присутни, во спротивно нема да се постигнат одржливи резултати.

„Не сакам да нѐ блокираат да подготвиме заеднички план. Ако целиот свет ги сака (Русите) на преговарачка маса, ние нема да бидеме против тоа. Праведниот мир за Украина мора да ни овозможи да го вратиме нашиот територијален интегритет, но тоа не значи дека тоа мора да го правиме само со силата на оружјето. Пожелно е целиот свет да го запре Путин, границите да бидат предуслов. Денеска сме на линијата на фронтот, сѐ додека Русија сака да војува. И тогаш можеме да ги решиме овие прашања дипломатски, ако Русија го сака тоа“, рече Зеленски.

Запрашан дали мисли дека новиот закон за мобилизација, кој ја намали старосната граница од 27 на 25 години, ќе им овозможи и на затворениците да се приклучат на армијата, украинскиот претседател рече дека воената команда му кажала дека стапката на мобилизација е зголемена.

„Нема доволно луѓе на бојното поле, бидејќи (замените) сѐ уште се на обука. Ние не сме Руси. Во Русија некои војници имаа само седум дена обука пред да бидат испратени на фронтот. Овде момците треба да поминат најмалку два месеци обука“, рече Зеленски.

Тој рече дека мора да бидат интелигентни и да направат сѐ за да ги спасат животите на своите војници.

„Последниве три или четири недели губат илјада луѓе дневно, илјада мртви и ранети. Тие се луди. Путин полуде. Како можеш да убиваш илјадници свои луѓе секој ден. Затоа не можете да ги гледате бројките. За една година војна ќе жртвува 300.000 луѓе. Повеќе од 500.000 негови војници веќе се мртви или ранети“, рече Зеленски.

Запрашан зошто не присуствувал на отворањето на Олимписките игри, тој рече дека за него Игрите се пред сѐ голема прослава, но за Украина не се.

„Со задоволство би ја прифатил поканата на Емануел Макрон, но нашата земја минува низ тежок период. Русите ја гаѓаат нашата територија. Не им е гајле што Олимписките игри се одржуваат токму сега. Тие со месеци ја таргетираат нашата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски во интервју за француските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ