„Отстранувањето на 20% од Уставот не се прави со чекање на прес-конференции за дневно – политички, туку со конкретни чекори:
Една од демократските можности е да се поднесе барање потпишано од најмалку 30 пратеници.Токму поради оваа причина, пред извесно време има јавно барање сите пратеници Албанци да се сретнат и да одлучат за ова многу чувствително прашање за нашето национално достоинство, бидејќи нема дилема дека сите пратеници Албанци се за оваа промена.
Затоа, знаејќи ја правилната рута, нема потреба да се нагаѓа за правецот“, потенцира Реџепи.
Вчера од прес-конференција одржана на отворен простор, пред Собранието на Македонија лидерите на Алтернатива, Беса и Демократрско движење, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити, порачаа дека бараат заедно со расправата за вклучување на бугарското малцинство во Уставот, да се додадат и уставни амандмани за бришење на одредницата „20 проценти“ која ја ограничува службената употреба на албанскиот јазик (јазикот на етничките заедници не се македонски) и за незастарување на кривичното дело корупција кај државните функиционери).