среда, 4 декември 2024

Почина петнаесеттата жртва од трагедијата во Нови Сад

Жената која беше тешко повредена при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина во неделата во 15 часот во Клиничкиот центар во Војводина, изјави директорката на Клиничкиот центар во Војводина (КЦВ), Весна Туркулов, јавува Н1.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за пациентката со најтешки повреди. Петнаесеттата жртва во несреќата што се случи на 1 ноември во Нови Сад. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход“, изјави Туркулов.

Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите сè уште се борат за животот на две сериозно повредени лица.

„Во име на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам длабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа сè од себе“, рече Туркулов.

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, кога 14 лица загинаа на лице место, а три беа тешко повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ