петок, 18 октомври 2024

Заврши „Бич филм фестивал“ – ОХРИД 2024

Синоќа, на просторот од плажата кај некогашното синдикално одморалиште (хотелот “Орце Николов”), со проекцијата на филмот “Те дуа, жими мене” и доделувањето на наградите во двете категории, заврши традиципоналната, меѓународна, летна манифестација, седмиот по ред, „Бич филм фестивал“ – смотра на новиот европски филм.

Објавено на

часот

Сподели

Во главната програма, беа прикажани шест (6) долгометражни европски филмови и тоа: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.
Покрај главната програма, на фестивалот, беа прикажани и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и дела од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов.
Во старото градско јадро, на локацијата на „Плажа -Сараиште”, се одржаа бројни проекции на филмови за деца , студентски филмови и кусометражни филмови од официјалната селекција, додека во Младинскиот културен центар беа одржани неколку едукативните работилници.
За музичката програма се погрижија бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо SIZ, така што имаше забава за сите, а гледалиштата беа преполни.
За учесниците – режисери и актери, како и за публиката, посебна атракција беа трите проекции, исто така од натпреварувачка програма, на бродот „Армада“, на водите од Охридското Езеро.
Синоќа, до длабоко во ноќта, публиката, која до последно место ја исполни палубата на бродот Армада, го проследи филмот „Црвено небо“, германски филм во режија на Кристијан Пецолд. Љубителите на седмата уметност имаа убава можност да видат еден прекрасен филм од најновата продукција на Германија пловејќи со брод по езерските води.
Филмот ја освои Големата награда на жирито Сребрена мечка на 73. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, каде што ја имаше својата светска премиера на 22 февруари 2023 година. Во 2023 година, беше вклучен во потесниот избор како германски преставник за Оскар за најдобар меѓународен игран филм за 96-тото доделување на Оскарите.
В.М.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ