понеделник, 25 ноември 2024

Започната истрага за палењето на македонско знаме во кумановско

Кумановската полиција извршила увид на локации во близина на населбата  Железничка станица каде биле испишани графити, било запалено македонското знаме и било поставено знаме на соседна земја, соопштија денеска од полицијата. Случајот во полицијата бил пријавен вчера, кога бил извршен и увид.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16.28 часот во СВР Куманово било пријавено дека на објект на приватна фирма во близина на железничката станица биле испишани графити и било поставено албанско знаме. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Куманово било утврдено дека на барака на месна заедница спроти Железничката станица биле испишани графити и дека било изгорено државното знаме на Република Северна Македонија“, информираат оттаму.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ