понеделник, 28 октомври 2024

„Замисли“, нова граѓанска иницицјатива за сите кои општото добро го ставаат пред личниот интерес

Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција, со поддршка на Европската фондација за демократија, синоќа презентираше нова граѓанска, мултиетничка и прогресивна сила што ќе се бори за една поинаква Македонија – Замисли, соопштија од центарот. 

Објавено на

часот

Сподели

„Замисли” е составена од граѓани, сите истакнати и докажани во својата област, млади луѓе со врвно образование, борци и активисти, дел познати, дел сосема нови за македонската јавност, а сите со заеднички став – дека политиката е преважна за да им биде оставена само на партиите.

 “’Замисли’ ќе биде исклучиво граѓанска, непартиска иницијатива, без никакви амбиции да учествува на избори или да дојде до дел од ‘колачот’, но и тоа како со амбиции, волја, знаење и смелост да замисли, да создаде решенија за најгорливите проблеми во сите клучни области и да се залага за нивно спроведување“, велат од Солуција.

 На синоќешната промоција беа презентирани дел од граѓаните вклучени во „Замисли”: Мијалче Мики Минов; раководител на оддел за магнетна резонанца во Империал колеџ, Лондон, д-р Артан Лимани, истражувач за високо образование; Антонио Јовановски, активист за животна средина; Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролори за летање; Сашо Серафимовски, театарски режисер; Леа Огњановска, докторантка по право на ЕУ и европски интеграции; Кристијан Фидановски, докторант на социјални политики на Оксфорд, Рита Бехадини, новинар и д-р Борјан Ѓузелов, политиколог.

„Логото на ‘Замисли’ е инспирирано од цвеќето пркос, а на него се претставени граѓани, обединети околу една идеја. Мотивот е традиционален вез и филигран, пораката e дека патриотизмот не им припаѓа на оние кои земјата ја сакаат само како плен, туку на лојалните и чесни граѓани. Од денеска, оваа граѓанската сила ќе биде отворена за сите добронамерници кои сакаат да се ангажираат за општото добро без притоа да очекуваат директна лична корист“, велат од Солуција. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ