сабота, 19 октомври 2024
Министерство за правда

Закон за Академија за судии и јавни обвинители доби позитивна оценка од ЕК

Објавено на

часот

Сподели

„Законските измени беа иницирани од страна на министерот за правда Кренар Лога, а поддржани од пратениците од владејачкото мнозинство, откако претходно беа блокирани во Собранието. Академијата за судии и јавни обвинители останува да биде светла точка во реформскиот процес на правосудниот систем, констатираше ЕК во скрининг Извештајот за кластер 1 – Фундаментални вредности“, се наведува во соопштението на Министерството.

Со измените, како што се посочува во соопштението, се овозможува стекнување на унифицирано уверение за завршена почетна обука за судија и јавен обвинител. Европската комисија смета дека ова претставува голема придобивка во подигање на квалитетот на селекција на најдобрите, кои се пријавени на огласите за прием во почетната обука на Академијата.

„Законот предвидува и воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за судии и јавни обвинители, како и редефинирање на начин на полагање на приемниот и завршниот испит, врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите“, пишува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ